Вака изгледа животот пред и после деца

Животот ви се менува драстично кога ќе добиете деца, тоа може да ви го потврди секој родител. Овој среќен татко, објавил фотографија како изгледал пред да има деца и како изгледа сега.

Мајк Џулианел, отворил интернет страница, под името „Dad and Buried“, каде што секојдневно објавува фотографии со неговите деца. Но, на својот Инстаграм профил, одлучил да започне нов виртуелен хит. Објавување на фотографии „како луѓето изгледале пред да имаат деца и како изгледаат потоа“.

Кога ја објавил таква фотографија, не ни очекувал дека неговата постапка ќе добие толку многу позитивни коментари. „Сакате да видите нешто страшно, ова сум јас пред да имам деца и сега“, вака изгледала неговата објава.

Тој е татко на две деца, две момчиња од 7 и 2 години и тој ги обвинува дека тие се виновни што „пред време“ остарел.

„Сè е ова добра шала, никој не ги обвинува своите деца дека остарел освен јас. Децата истовремено ми се најубавото и најлошото нешто што ми се случило, тие ме смеат и ме расплакуваат секој ден“, вели Мајк.

А ова се дел од објавените фотографии на другите родители што го следеле истиот пример:

Сподели го ова преку:
  • 14
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!