Топ намирници кои лечат мамурлак

Сте се опиле „некогаш“? Сте имале одлична вечер… Утрото потоа, сигурно ве мачи мамурлак, дехидрирани сте и не ви се станува од кревет.

Еве пет намирници кои „ќе ве вратат во живот“ и ќе се чувствувате одлично:

1. Јајца
Неверојатно! Но, уништувачи на токсините се јајцата, тие содржат аминокиселини. Покрај тоа, тие се богати со витаминот Б, со чија помош ги намалуваат симптомите на мамурлак според студијата на „Annals of Internal Medicine“. За дополнителен ефект при внесување на витаминот Б, додадете и овесни снегулки.

2. Кокосова вода
Кога сте пијани, вашето тело е дехидрирано и ви треба многу вода. За да ги надополните изгубените течности кои испариле од вас преку потните жлезди, земете пример од врвните спортисти, тие пијат вода со електролити. А вие, кога сте мамурни сигурно пиете сокови кои содржат вештачки бои и воопшто не си помагате. Затоа ви препорачуваме кокосова вода… Има ниско ниво на шеќер и содржи електролити.

3. Ѓумбир
Ако се разбудите со гадење, тогаш дефинитивно ви треба чај од Ѓумбир. Верувајте, после ова ѓумбирот ќе ви биде најдобар пријател. Мала доза на Ѓумбир, го стимулира пост-мамурниот дигестивен систем. Помага при надуен стомак, гасови и нагон на повраќање. Не сте фан на вкусот? Затоа, луѓето измислиле и капсули од  Ѓумбир, консумирајте со вода по две капсули од Ѓумбир на секој час.

4. Доматен сос
Кога имате многу алкохол во вашето тело, црниот дроб е премногу зафатен со метаболизирање на алкохолот и одржување на адекватно ниво на шеќер во крвта. Бидејќи гликозата е главен извор за енергија на мозокот, а недостатокот од неа ве прави уморни, слаби и нерасположени. Но, една чаша доматен сос ќе ви ги надомести сите изгубени шеќери.

5. Банани
Алкохолот всушност, ја црпи цела ваша течност од телото, ве тера често да мокрите, а со тоа губите калиум. Ниското ниво на калиум ќе ве направи слаби, со слаби движења на мускулите и висок крвен притисок. Но, не очајувајте, тука е бананата да ви го врати изгубениот калиум. После една банана ќе бидете како нови.

Во иднина… Пиете одговорно!

Сподели го ова преку:
  • 4
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk