Тест направен од мајки кој покажува дали сте спремни за дете

Ако не сте сигурни дали сте спремни да имате дете, мајки направија еден инересен тест.

Да се биде мама и тато воопшто не е лесна задача, еве дел од работите кои треба да ги правите, направете го овој тест и дознајте дали сте спремни за дете. Тестов е навистина интерсен и духовит.

Земете пет кобри, ставете ги во некој удобен и мек сандак и заврзете ги да не избегаат. Пејте им приспивни песни додека не заспијат, јасно ова може да трае со часови. Ова треба да го повторувате два пати дневно, во рок од пет години.

Потрошете околу 10. 000 денари на органска храна, без адитиви и со витамини. Тешко е да излезете на крај со трошоците, но прочитавте и ви кажаа пријателките кои се мајки веќе,  дека храната која ние ја јадеме e многу опасна. Отако ќе ги купите сите овие намирници, фрлете ги во ѓубре, бидејќи кога ќе имате дете сигурно пола од храната ќе ја фрлите дека нема да сакаат да ја јадат.

Направете си аларм, кој ќе ви ѕвони неколку пати во денот. Алармот, значи дека веднаш треба да завршите со обврската која ја имате моментално. Ако се туширате 20 минути, направете си аларм на 10 минути, бидејќи ќе треба веднаш да трчате, детето ќе ви плаче.

Научете го партнерот дека секогаш треба да биде спремен на реченицата Ми се јаде ова…. Треба веднаш да влезе во кола и да го купи. Ако не го купи, мавајте си главата во ѕид и плачете ова трае од 2 до 5 години.

Научете се вие и вашиот партнер да слушате една иста песна, неколку пати во денот. Додека сте дома, кога се возите и ова трае добри 4 години.

Пред секое излегување, земете вода со вас, влажни марамчиња и ужинка од органско потекло без глутен. Потоа ова фрлете го на задното седиште, така едно 10 години.

Направете си аларм вие и вашиот партнер, од 12 на полноќ до 6 часот наутро, да ви ѕвони секој ден во различно време. Треба веднаш да станете, ова ќе трае едно 18 години.

Кога сте преуморни ви се спие, натерајте го партнерот, да ви фрли воз играчка Томас на вашата глава, да боли.

Кога ќе ви дојдат гости дома, нема веќе муабет на раат. Направете аларм, на секој 10 минути да ви го прекине разговорот.

Сподели го ова преку:
  • 5
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk