Што се може да направите со талог од кафе

По пиењето на турското кафе, најчесто го фрлате талогот. Кога ќе прочитате што се може да направите со талогот, никогаш повеќе нема да го фрлите. Може да ви помогне во многу работи особено да ви биде од голема помош во домаќинството.

кафе со талог

-Ако се мачите да се ослободите од болвите на вашето куче, додадете една лажичка талог во шампонот со кое го бањате вашето куче. И така измиј те го.

-Колку часа по сечење на лук, мирисот останува на вашите раце? Можете да се ослободите од вашите “миризливи” раце со тоа што ќе ги измиете со млака вода и талог од кафе.

-Сакате да се ослободите од мравките?! На места каде што имате мравки, ставете малку талог од кафе.

-Кога ги миете садови, талогот од кафе може да ви биде од голема помош, тоа помага да се остранат сите мрснотии и темелно да се измијат садовите. Во сјајот што ги миете, додадете малку талог и така ќе имате чисти и сјајни садови.

-Ако имате проблем со мрсна коса, талогот може да ви помогне, така што при миење на коса, во шампон за коса додадете го талогот и исплакнете се убаво. Можете да го комбинирате и со регенератор, само бидете внимателни ако имате посветла коса талогот може да ви ја потемне.

-Заборавете на подочњаци, после третманот со кафе. Ставите малку талог на подочњаците и малку тријте. Кофеинот кој се наоѓа во талогот исто така ќе ви помогне да ја разубавите и подмладите кожата.

-Ако имате проблем и вашите чевли постојано лошо мирисат тука е талогот да помогне, така што во пластична кеса ставете го талогот и кесето ставете го во чевлите и оставете да постои така некое време. Најдобро е да ја оставите кесата во текот на ноќта за целосно да ги апсорбира сите мириси.

-Талогот на кафе е и одличен пилинг за кожа и за отстранување на мртвите клетки. Применете го со мешање на мала лажичка мед и талог и имате пилинг.

-Талогот на кафе исто така, помага во борбата против целулитот. За овој пилниг ви треба да промешате 50 грама талог од кафе, 50 грама шеќер и 100 мл бадемово или маслиново масло и со кружни движења да ги масирате нозете.

-Кафе исто така може да послужи како освежувач на мирис. Ако го сакате мирисот на кафе,можете да го ставите талогот во керамички сад и да го ставите на радијатор и така цел дом ќе ви мириса на кафе. Исто така талогот е одличен колектор на мириси. Оставете го садот на фрижидер преку ноќ, така што кафето ќе ги извлече сите лоши мириси.

-Дали знаете дека талогот од кафе е исто така добар и против комарци и е ист како сите хемикалии кои ги имате дома против комарци ? Исушете го талогот од кафе и ставете го во метален сад. Запалете го врвот од талогот и така тој ќе почне да прави дим. Мирисот што се шири успешно ги брка комарците.

Сподели го ова преку:
  • 29
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!