Роберт Листон – единствениот лекар кој имал смртност од 300%

Да убаво прочитавте, Роберт Листон – единствениот лекар кој имал смртност од 300%.

Роберт Листон, роден во Шкотска во 1794 година, веројатно е најинтересниот доктор кој некогаш чекорел по оваа земја. Прекарот “Најбрзиот нож од Западот” се должи на неговите брзи операции и ампутации.

Но, да одиме по ред со приказната. По завршувањето на образованието во Единбург, во 1818 година тој заминал да работи во Лондон поради конфликт со неговите колеги. Иако е опишан како многу тешка личност, тој ги обожаваше своите пациенти и лично се бореше за секоја од нив.

Во тоа време, анестезијата била непознат термин во медицината, па затоа тој пациентите ги оперирал додека биле свесни.  За да им помогне да им ја ублажи болката, тој ги извршувал операциите многу брзо. Неговата брзина ја намали смртноста тоа време, ако смртноста била 1 на 4, неговата била 1 на 10 пациенти.

Листон можел да ампутира нога за две минути. Тој еднаш отстранил огромен тумор за помалку од 4 минути. Се шпекулира дека рака амутирал за 28 секунди.  Секоја операција  ја започнал со фразата “Time me gentlemen”. Додека оперирал ножот го држел во устата, за да може да ги користи двете раце истовремено.

Но, баш поради и својата брзина тој направил и многу грешки, па затоа и е познат во светот. За време на ампутирање на нога, еден пациент почнал многу да мрда на столот, па побарал помош од својот асистент. Во брзање, тој случајно му го отсече прстот на својот асистент, по што крвта почна да прска врз сите кои беа присутни таму. Еден од присутните, додека го гледал сево ова му се слошило и добил инфаркт на лице место починал. Пациентот и асистент подоцна умреле од инфекцијата, па токму од оваа случка тој е познат како доктор кој имал смртност од 300%.

Сподели го ова преку:
  • 1
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk