Психолошки трикови кои треба да ги знаете

Кога ќе слушнете за психолошки трикови, автоматски размислувате за манипулација или за игри кои не ви се интересни?

психо тест

Британскиот Esquire тврди дека постојат различни видови на трикови, кои ќе ви помогнат да го усовршите вашето однесување и напредок во работата и во општеството, без многу напор.

Овие практични трикови секој треба да научи:

1. Кога ќе запознаеш некого, запомни ја бојата на неговите очи. Контактот со очи да биде долг, за да личноста со која се запознавате мисли дека сте пристојни и заинтересирани.

2.Луѓето најдобро се сеќаваат, на првите и последните работи што ќе ги видат. Така да ако одржите презентација или одговарате пред професор, осигурајте се да бидете или први или последни за да оставите впечаток.

3. Никогаш не ја потценувајте моќта на тишината. Ако мислите дека некој не ви дал одговор каков што го сакате и е нецелосен, молчете и гледајте го во очи. Тој ќе сфати дека е неопходно да открие повеќе или да ви ја каже вистината.

4. Суптилното копирање на движењата, на лицето со кое разговарате, е најстариот трик за да ја добиете неговата доверба.

5. Ако секогаш сте имале проблеми со запомнувањето на имињата на луѓето кои ги среќавате, фокусирајте се при запознавањето и потоа повторете го името неколку пати во реченица На пример: “Ви благодарам Мајо, всушност мислев …”

6.Ако знаете дека на состанокот ќе дојде некоја особа со која не сте во добри односи, намерно седнете до таа личност и не и вртите грб. Ова ќе ја направи ситуацијата помалку непријатна и лесно ќе го решите проблемот.

7.Студени раце, оставаат мал впечаток на самодоверба. цврстиот стисок и топлите раце обратно. Затоа не заборавајте на ракавици во ладни денови!

Сподели го ова преку:
  • 15
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!