Првата селфи камера која лета
Hover Camera е првиот селфи апарат кој лета.
Ова беспилотно летало е апсолутен хит, благодарение на неверојатениот квалитет на изработка, одличната камера и леснотија на користење. Дроновите се денес толку популарни, што постојано луѓето бараат нови идеи за да се издвојува од останатите, токму таква е првата селфи камера – дрон.
Hover Camera има 13MP камера, која постојано ве следи, благодарение на софтверот за препознавање на лицето и телото таа секогаш ќе биде позади вас каде и на одите.
Уредот доаѓа со две батрии, кои се трошат на 10 минути летање. Камерата на уредот е дизајнирана да снима 4K видеа и 13MP фотографии, а може да снима и 360 степени панорамско видео. Летачката камера можете да ја позиционирате на едно место или може да ве следи секаде.
Производителите тврдат дека беспилотното летало може да лета до 17 Mph и може да се искачи до 16ft заедно со опсег до 66ft. Уредот може да биде контролиран од апликација која е достапна и за Андроид, и за iOS.
Овој уред тежи само 242 грама и е со цена од 599 американски долари.
15