Приказна за песната „Соба за тага“

Како настанала најпозната песна, на Тоше Проевски, Соба за Тага.

Сигурно нема некој, а да ја нема слушнато најпознатата песна на Тоше, Соба за тага. Според приказните, текстот го напишал затвореник, кој лежи во затвор поради несреќна љубов. Тој го убил љубовникот на својата девојка и од тогаш неговиот живот е во хаос. За да ги изрази своите чувства, тој ја напишал токму оваа песна.

По некое време, текстот дојде до менаџерката на Тоше, а песната стана една од најголемите хитови на Тоше. Дури се зборува дека, човекот во затворот не сакал ни пари, само посвета од Тоше и негов албум.

Оваа песна има и друга верзија, дека исто ја напишал затвореник, но лежел во затвор бидејќи ограбил банка, а песната ја напишал за својата девојка.

Но, сепак ако внимателно ги слушнете зборовите на песната, мислиме дека повеќе е точна првата верзија на приказната.

 

Сподели го ова преку:
  • 30
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!