Приказна за најкрвавиот народ во Европа опседнат со секс

Овој народ пловел до Северниот Атлантик, ја освоиле пола северна Европа, стигналe до северна Африка, Русија, па дури и во централна Азија.

викинзи

Тие се сметаат за крволочни, диви и груби, но тие всушност беа народ со многу софистицирана култура, која во многу нешта била понапредна од останатите европски култури. Тие помогнале во развојот на бродоградбата и навигацијата, а благодарение на нив постои и Даблин, главниот град на Република Ирска.
Се разбира, се работи за – Викинзите. Популарноста им се зголемува благодарение на истоимената ТВ Серија и пред ексклузивната премиера на петтата сезона, одлучивме да ви објаснеме кои биле Викинзите.

Крвави битки и бруталност
Англија е првата европска земја што била на удар на Викингот, а најголем дел од она што го знаеме за нив доаѓа од свештенички списи, опишувајќи ги Викинзите како „насилни“” и „брутални луѓе“, кои го опустошувале секој град што ќе го освојат и го силувале населението.

викинзи

Факт е дека Викинзите краделе сè што би можеле – добиток, пари и храна, а ако било можно краделе и жени. Откако ќе украделе се, ги палеле населбите. Нивните напади биле ненадејни, бидејќи доаѓале преку морето. Во мачење на непријателот не биле воопшто нежни, им ги кршеле ребрата, им ги сечеле главите, буквално телото го сечеле на парчиња.

викинзи

Но од друга страна пак, од Нордиските списи, се докажува дека Викинзите биле многу демократски народ и имале многу богата култура. Одреден период од годината имале за војување, останатиот период го посветувале на семејството на жената и децата, одгледувајќи овошје и зеленчук.

Викинзите биле добри трговци, многумина од нив ја прифатиле христијанската вера и се приклучиле на европската локална заедница.

Богат сексуален живот

Викинзите, им посветиле големо внимание на жените, тие имале големи човекови права. За разлика од многу други земји во тој период, за Викинзите жената и нејзината среќа биле на прво место. За разлика од агресијата што ја покажуваат во битките во кревет биле многу меки, нежни и романтични. Зборови кои ги користеле за зборот секс биле „свртување кон жената“, „уживање еден со друг“, „одмор со партнерот“.

викинзи

Жените и мажите, многу внимание посветувале на својот изглед, особено за време на додворувањето. Мажите се бањале барем еднаш на ден (што во тоа време ретко кој народ го правел), редовно носеле чиста облека, а жените носеле накит, за да го покажат својот стил и богаство.

Интересно е што жените имале предност при изборот на партнер, а имале и право да го одбијат партнерот ако не биле сексуално задоволни од него. Заедницата не го осудувала сексот пред брак, но го осудувала неверството. Ако еден од партнерите имал афера, казните биле многу ригорозни, најчесто тоа било смртна казна.

викинзи

За животот на овој феноменален народ можете да ја гледате епската ТВ Серија „Викинзи“. До сега беа емитувани четири сезони, а наскоро ќе започне и петта сезона.

викинзи

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!