Предлог книга за оваа пролет

Предлог книга за оваа пролет од писателот Richard Doetsch, “13 часот”.

Доаѓа идеален период за читање книги. Убаво време седнати негде во природа, каде што ќе уживате во убавото време, но и во добра книга. Гледањето на некој филм, ќе трае час до два, но читањето е нешто што може да трае со денови и да биде вистинско уживање. Ова книга ќе ве освои уште од првата страна па ако ја немате прочитано, ние ви ја препорачуваме книгата “13 часот” од авторот Richard Doetsch.

книга

“13 часот” Richard Doetsch

Ник Квин живее совршен живот, се додека еден ден не ја пронајде својата сопруга мртва во својот дом. Полицијата го наоѓа пиштолот, со  кој е убиена неговата сопруга, во неговиот автомобил, а на пиштолот ги има неговите отпечатоци. Него, го стават во затвор, а во 9 часот навечер му доаѓа на посета еден човек. Тој му нуди, шанса тој да ја спаси својата сопруга  Јулија, но тој мора да му верува. Му остава еден часовник, кој ќе му помогне да се враќа по еден час назад се така 12 часа.  Ник мора за тоа време да го најде убиецот на својата сопруга, но и да се обиде да ја спаси од смрт. Наскоро сфаќа дека судбината гадно си поиграла со него.

Овој трилер со елементите на научната фантастика е многу заразен, бидејќи приказната почнува од крајот кон почетокот. Романот е преполн со неочекувани пресврти и напнати ситуации, и поради таа причина ќе ве натера да седите на столот и да не станете се додека не стигнете до последната страница. Уживајте!

Сподели го ова преку:
  • 21
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk