Пиењето пиво со вашето друштво е добро за вашето здравје

Пиењето пиво со вашето друштво е добро за вашето здравје и тоа е навистина така според последните сознанија.

пиво

Без разлика, што ќе каже вашата девојка, жена, мајка, пиењето пиво со вашите другари е добро за вашето ментално здравје.

Ова истражување го направиле, научниците од Универзитетот во Оксфорд. Психолозите на Универзитетот Оксфорд детално го истражувале човековиот мозок и погодете што откриле? Човечкото ментално здравје значително се подобрува ако се дружете со пријателите во социјалната средина два пати неделно.

Дружењето на мажите со пријатели ги прави помалку стресни, ги намалува шансите да се разболат и  предизвикаат телото да ослободи повеќе ендорфини.

И покрај доброто влијание, истражувањата покажаа дека секој трети не практикува да пие пиво со пријателите, а само 40% велат дека барем еднаш одат на пиво.

пиво

Во кратки црти, за да бидете среќни и здрави треба да одите барем најмалку два пати неделно, во паб со пријателите на пиво. Тоа го зголемува чувството на заедништво и пријателство, кое оддруга страна ве штити од болест и го подобрува вашето ментално здравје. Значи, следниот пат кога вашата партнерка ќе се жали зашто излегувате и ќе ве тера да седите дома, кажете и дека вашето здравје може да биде во опасност!

Сподели го ова преку:
  • 18
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk