Пет работи кој секој татко потајно ги прави

Колку и да денешниве татковци се присутни во одгледувањето на децата, некои работи ги прават потајно.

Мајките често прават некои работи, за полесно да им е одгледувањето на децата, но татковците се господари кога станува збор за олеснување на работата. Ова се дел од работите кој секој татко потајно ги прави но не признава:

татко

Често прескокнуваат реченици од приказните за добра ноќ

„Си била една кралица, имала безгрижно детство, но дошла лошата вештерка и се уништила. Тогаш дознала дека принцот е син на лошата вештерка, но се венчале имале многу деца и живееле среќно до крајот на животот“

Ви звучи ова познато? Додека децата се мали и поспани, на ова не се ни сеќааваат интересно станува, кога тие ќе пораснат и се ќе разбираат.

Пропуштаат луда ноќ со пријателите поради децата

Мачо мажите кои воопшто не се грижеа за своите деца, изумреа во 80 години. Што денешниве татковци на ова се многу горди. Тие често откажуваат излегување со пријателите поради своите деца. Но, се уште се срамат тоа да го признаат пред другарите па често лажат во стилот : „Абе, брат неможам, излезе со другарките на забава и ми ги остави децата да ги чувам, што да правам и јас сакав да се дружиме вечерва“

татко

Понекогаш жалат за старите времиња

Луди ноќи, пиење до зори, секој ден нови жени е животот кој го имале пред да имаат деца. Па често се случува, а не признаваат да им е жал за старите времиња. Но, сепак тоа што го имаат денес не би го менувале ни за најлудата ноќ.

татко

Се прават дека не го слушат плачот на бебето

Спиење само по три часа и будење среде ноќ е малку тешко за татковците. Па, понекогаш им се случува да се преправаат дека спијат, дека не го слушнале плачот на бебето, бидејќи знаат дека мајката ќе стане…

татко

Не ги слушаат правилата на мајките

„Кажи му да не јаде благо“, „Мијте ги рацете пред секое јадење“ „Тргни го од пред телевизор“ се само дел од правилата на мајките кои татковците не ги прават, само затоа што понекогаш и они се деца во душата.

Сподели го ова преку:
  • 12
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!