Паметен кондом кој открива сексуално преносливи болести

Измислен е кондом, кој ве оценува какви сте во кревет, открива сексуално преносливи болести и мери должина на пенис.

кондом

Првите производители на паметни кондоми објавија дека нивниот пронајдок ќе го смени засекогаш она што го знаеме за сексот. Може да открие сексуално преносливи болести, да ги оцени перформансите во кревет и да пресмета колку калории сте потрошиле за време на сесијата.
Паметениот кондом i.Con, чија цена е околу 4000 денари, всушност не е кондом. Сликите покажуваат дека тоа е прстен кој наликува на добро позната сексуална играчка која се става на половиот орган.

кондом

Иако постојат потенцијални придобивки, уредот е поврзан со смарт телефон, предизвика загриженост што може да се користи за шпионирање на интимни моменти. I.Con може да се користи заедно со вистинскиот кондом.

Од најпознатата компанија за кондоми велат дека е лесен за носење и отпорен на вода – со вградени нано-чипови и Bluetooth способности, тој може да обезбеди низа статистички податоци кои ќе го подобрат сексуалниот живот. Ова вклучува мерење на времетраењето и брзината на актот.

кондом

Уредот исто така го евидентира количеството потрошени калории во различни позиции и може да открие хламидија и сифилис. Сите информации ќе бидат анонимни – но корисниците ќе имаат можност да ги споделат своите неодамнешни информации со пријателите или со целиот свет, ако се во неволја.

Компанијата вели дека овој производ веќе има 90.000 луѓе кои се заинтересирани да го купат, а во продажба ќе излезе при крајот на годината.

Сподели го ова преку:
  • 29
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!