Останала бремена со четворка, но докторите ја советувале нешто што не прифатила

Останала бремена со четворка, но докторите ја советувале нешто што не прифатила и никогаш не се кае за тоа.

Моралес Осуна (30) и нејзиниот сопруг Исак (29) од Калифорнија, никогаш во животот не помислија дека нивната животна приказна денес ќе биде топ тема во целиот свет.

Двојката после свадбата очајно сакале да имаат дете, но дознале дека имаат проблем со неплодност, па така започнала и нивната голгота.  Моралес имала цисти во јајниците, ендометриозата и пренатрупаниот канал и била подложена на операција. По заздравувањето, следеа консултации со лекарите кои предложиле оплодување и ако не успее да се зачне плод по три обиди, да пробат со вештачко оплодување.

Првиот обид за оплодување не успеа, а двојката во вториот обид дојде со уште поголема вера и надеж во чудо. Тоа е токму она што се случило. Моралес почна да се чувствува промени во нејзиното тело и таа беше сигурна дека е бремена овој пат. Неможела ни да дочека да оди на контрола за две недели и купила тест за бременост кој бил позитивен. Крвниот тест за бременост покажа дека тоа е очигледно мулти-фаза бременост. Двојката беше воодушевена од веста дека веројатно очекуваат близнаци. Но, изненадувања не завршиле таму, бидејќи Моралес дознала дека била бремена со четири бебиња. Поради ризикот од одржување на бременоста, лекарите ја советуваа да задржи само два ембриони, но таа одби да “избере”.

Бременоста ја опиша како лесна, освен што имала многу голем стомак, се разбира дека носела четири мали бебенца. Таа се породила во 34 недела со царски рез и на свет донела, три девојчиња и едно момче. Храбрата мајка решила да направи и свој блог ,„Zero 2 quads” , каде ги охрабрува и советува сите жени да се борат за своето потомство.

бремена

Сподели го ова преку:
  • 6
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!