Одговорете на овие три логички прашања

Четврток ден за малку да го размрдаме мозокот одговорете на овие три логички прашања.

Дојде летото, многумина од вас се на плажа, некој на работа некој дома под клима на ладно. Четврток идеален ден, малку да го размрдаме мозокот. Решавањето на логички задачи е здраво за нашиот мозок. Ние ви одвоивме три интересни логички прашања на кои го очекуваме вашиот одговор се разбира подолу имате и решение, но прво пробајте сами.

Прашање број еден:

Две лица се родени во исто време, но имаат различни родендени. Како е тоа можно?

Прашање број два:

Бебето паѓа од десеткатница и преживува пад без какви било лоши последици. Како е тоа можно?

Прашање број три:

Двајца мажи влегуваат во кафана и нарачуваат иста пијачка со мраз. Едниот од нив многу брзо го пие пијалокот, додека пак другиот многу споро. По, половина час еден од нив умира. Кој од двајцата мажи умира и зашто?

 

Одоговорите можете да ги погледнете подоле:

 

 

Решение:

 

Одговор на првото прашање:

Родени се во друга временска зона, едниот во Пекинг, а другиот во Чикаго.

Одговор на второто прашање:

Бебето паднало од првиот кат, на десеткатницата

Одговор на трето прашање:

Починал тој што пиел споро, во двата пијалоци коцките лед биле отровни. Тој што пиел побрзо,не се отрул дека коцката лед не се стопила, Додека тој што пиел поспоро, отровот се стопил во пијалокот и се отрул.

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!