Од детски цртеж добила тетоважа уметничко дело

Отишла кај тату мајстор, со детски цртеж и добила уметничко дело.

Сиера Алексис имаше јасна идеја за својата нова тетоважа, но многу ограничен талент за илустрација. Таа нацртала цртеж, како дете. Знаете оние детски цртежи, каде што ништо не е јасно, што е дрво, што е птица, бидејќи децата се неискусни со своите раце да нацртат нешто убаво.

детскиот цртеж
детскиот цртеж

Сиера се обидела да му објасни преку цртежот, на тату мајсторот што таа би сакала да има на својата рака. Но, ни самата не верувала дека тој толку добро ќе и ја сфати поентата. Се разбира премногу се изненадила кога ја видела неговата интерпретација.

тетоважата
тетоважата

Таа својата тетоважа ја ставила на својот Твитер профил, тогаш ги воодушевила и нејзините следбеници. Се покажа дека уметникот сфатил што девојката замислила и нејзината идеја ја претворил во уметничко дело.

Сликата стана виртуелна на интернет, споделена е повеќе од 60. 000 пати, па ако мислевте дека тетовирањето не е уметност сега се уверивте.

тетоважата

Сподели го ова преку:
  • 11
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!