Неможам да ве сфатам зошто сакате да озборувате

Многу често се прашувам зошто сакате да озборувате.

Одењето на кафе со пријатели, станува веќе досадно. Како единствена тема на маса да е оговарање. Како да нема друга тема за која може да се дискутира. Чим започнеш некоја тема ја имам другарка ми Јана, што веднаш ја споредува со другите луѓе, ” Ма супер си ти, види ја Сара неможе ни факултет да заврши, ни да се омажи, несредена е.”

Не ме интересира Сара, секој човек си има своја приказна, своја причина зашто нештата не ги прави, кои сме ние да им судиме. Зошто едноставно не ги оставиме луѓето да си живеат. Децата да расат во здрава средина, без предрасуди и комплекси. Не се они криви, учат од родителите, ќе излезат со нив на гости кај пријатели и само слушаат исмејување и солење памет.

Доаѓаат другари мои и цела вечер ги слушам како другар му бил „сиротиња“, жена му не го пуштала да излезе, немал пари сега за цигари, незнаел да менаџира со сретсва. А, вие сте многу мангупи драги мои другарчиња, ти што на 35 години секоја вечер ги трошиш парите на твоите, а па другиот женет не отишол дома, скита по цел ден по кафани, али нели он не е папучар.

Сакам да дискутираме за предизвиците на животот, за еколошката свест, за ваши совети како да си уредам дома, а притоа да не ме интересира како и е на Марија дома. Не ме интересира сексуалниот живот на другите, таа така заработува, геј бил, швалерката имал, нивен живот, нивно право на избор.

Сподели го ова преку:
  • 14
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!