Не заборавајте никогаш да се смеете

Не заборавајте никогаш да се смеете, порака од 24 годишна моделка, која почина од рак.

девојка

Нара Алмеида, бразилски модел со 5 милиони следбеници на Инстаграм, преубава девојка која зрачеше со енергија, почина од рак. Во 2017 година и било дијагностицирано рак на стомакот, но никогаш не се разочарала и само рекла ова е една фаза,

Последната година од својот живот не сакаше да ја помине тажно, сакаше да се радува во животот и да биде биде добра личност. На својот Инстаграм профил на 8 август 2017 година, напиша дека најлудиот ден во нејзиниот живот бил кога дознала дека има рак и плачела цел ден, не дека била тажна, плачела дека имала подолги планови за својот живот што знае дека никогаш сега нема да ги оствари.

девојка

Според неа, се во животот се случува со некоја причина.

Се надеваше дека можеби и ќе го победи ракот, се бореше. Борбата со ракот и траеше 10 месеци, но таа беше позитивна и весела, бидејќи сакаше да пренесе порака на светот, дека има денови кога се тешки и мачни, но животот се уште може да ни биде исполнет со љубов и со момент за паметење.

девојка

Многу брзо ракот се прошири на повеќе органи на нејзиното тело и лекарите и кажаа дека нема никаков спас.
На 4 мај, Педро Роча, момчето на Нара  со кој таа беше во две годишна врска, објави на својот профил дека неа веќе ја нема, но дека последните месеци од нејзиниот живот таа живеела како што сакала.

девојка

Сподели го ова преку:
  • 10
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!