Не ги измила садовите и решил да не ја жени

Интересна приказна сподели еден дечко на својот Твитер профил, дека девојка му не ги измила садовите и решил да не ја жени.

Еден дечко намерно, ја оставил својата куќа нечиста за да види дали девојка му ќе ја исчисти. Тоа било тест, за да знае дали да ја побара за жена. Но, како што објавил на Твитер, тој бил многу разочаран кога видел дека кујната е хаос. Направил фотографија од кујната ја прикачил на својот профил и ја раскажал неговата приказна.

„Ја поканив да преспие кај мене, мислев дека е материјал за женење, кутирот јас, падна на тестот“

кујна

Дечкото веднаш беше нападнат од милион коментари. Од типот дека„Ти треба да бараш жена која ќе ја сакаш, а не слугинка“ и коментари дека девојката се спасила што не ја побарал за жена, дека ваков маж да имаш покрај себе не е убаво.

Ретки беа коментарите кои беа во негова одбрана, дека сепак е женско можела малку да зачисти и сл. Но, следниот пат кога вашиот партнер ќе ве викне да преспиете кај него, гледајте се да е чисто бидејќи може да е некој тест!

Сподели го ова преку:
  • 24
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!