Најпознатата црна дупка, доби и име

За првата фотографија на црната дупка освен телескопот, заслужен е и тимот кој неуморно работеше на алгоритмот на визуелни податоци.

Најпознатата црна дупка, односно првата која луѓето успееа да ја фотографираат, официјално и доби свое службено име. Наречена е “powehi”, што на хавајски значи “украсен темен извор на бесконечното создавање”. Чест да ја именува црната дупка, ја добил хавајскиот професор Larry Kimura, инспирација добил од тоа што двата телескопа, кои помогнале да се фотографира црната дупка се наоѓаат баш во Хаваи.

наса црна дупка

Но, да се добие фотографија од црната дупка беше потребна многу работа и анализа. На проектот работеле повеќе научници од целиот свет, но една особа посебно се истакна во проектот. Постдипломката на MIT, Кејти Буман, го развила најважниот дел од алгоритмот кој помогнал за визуелните податоци, што телескопите ги собрале.

Самиот алгоритам, бил создаден уште пред три години кога Буман била уште само студентка на универзитетот. Со помош на уште два алгоритми успеале да ја направат оваа фотографија која го воодушеви светот. Како се развивал алгоритмот, што се било потребно за да се добие фотографијата, Буман го открила ова уште пред три години на TEDtalk, кога бил измислен самиот алгоритам.

Во продолжение погледнете го видеото :

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!