Најдобрите мотивирачки и инспиративни приказни за животот

Понекогаш некои работи не ни одат во животот и се чувствуваме многу депресивно. Но за тоа постојат инспиративни приказни кои не само што ќе ни го подобрат денот, тука и перцепцијата за животот.

Во продолжение прочитајте ги најдобрите кратки мотивирачки и инспиративни раскази.

1. Секој си има приказна во животот

Мотивација - Илустрација, човек во воз

Во воз се возат 24 годишниот син и неговиот татко. Синот гледа низ прозорецот и му вика на својот татко Тато гледај дрвјата трчаат позади нас на тоа само старецот се насмеал. До нив седеле млад пар и се чуделе на детското однесување на синот. Синот продолжил „Тато види облаците летаат со нас“.
На ова младата девојка се обратила кон таткото:
„Нели ви е жал, зашто не го носите синот кај некој добар доктор“?
На тоа старецот одговорил да го однесов од таму идеме, син ми е роден слеп, денес првпат прогледа.

Секоја личност на планетата има своја приказна. Не суди ги луѓето пред да ги запознаеш. Вистината може да ве изненади.

2. Решете ги проблемите

Магаре

На некој човек му паднало магарето во провалија. Колку и да се трудел да го влече неможел тоа само тонело надолу. Затоа решил да го закопа жив.
Истурал земја врз магарето, но магарето ќе осетело товар од земјата ја протресувал и одел напред. Земја се повеќе иструрал селанецот врз магарето што ако не се тресело никако ќе неможело жива глава да спаси. До пладне магарето веќе пасело на зелената трева.

После толку тресења (проблеми) и одење напред (учење од нив). Ќе научите да живеете убаво.

3. Јажето на слонот

Врзан слон

Еден човек поминува низ циркус и забележал еден слон кој на ногата бил врзан со јаже. Тој забележал дека јажето било многу слабо и го имал само на предната нога, а слонот седел мирен. Немало синџири, кафези и се зачудил зашто слонот е мирен, бидејќи јасно било дека слонот во секој миг можел да се ослободи од јажето.
Тој видел еден тренер во близина и го прашал „Зашто слоновите не прават никаков обид да се ослободат“?
„Па, рече тренерот, кога тие беа многу помали, ние ги користиме истите јажиња за да ги врзуваме и на таа возраст тоа јаже беше доволно цврсто да ги држи мирни. Како што растат, тие се условени да веруваат дека не можат да избегаат. Тие веруваат дека
јажето сè уште може да ги држи, така што никогаш не се ни обидуваат да се ослободат.“
Човекот беше зачуден. Овие животни може во секое време да се ослободат од нивните јажиња, но бидејќи тие веруваа дека не можат, тие се заглавени таму каде што се.
Како и слоновите, колкумина од нас минуваме низ животот и веруваме дека не можеме да направиме нешто, едноставно затоа што претходно не сме успеале?

Неуспехот е дел од животот, тоа ни е лекција дека никогаш не треба да се откажеме и треба да се бориме за подобар живот.

4. Компир, јајце и зрна кафе

Татко и Ќерка

Еднаш, една ќерка се пожалила на нејзиниот татко дека нејзиниот живот е мизерен. Таа била уморна од тоа постојано да се бори. Кога ќе решела еден проблем наеднаш и настанувал нов.

Нејзиниот татко бил готвач, ја однел во кујната каде што работи. Пополнил три садови со вода и сите три ги пуштил да се варат. Во едниот сад ставил компир во вториот јајце, а во третиот зрна кафе. Ги оставил да варат и не кажал ни еден збор. Ќерката цело време нестрпливо чекала.

По дваесет минути тој го исклучил шпоретот. Ги извадил компирот и јајцето ги ставил во чинија, а кафето го ставил во чаша. Се свртел кон неа и ја прашал: Ќерко, што гледаш?

Компири, јајца и кафе, набрзина одговорила.

Погледни поблиску, рече тој, и допири го компирот. Таа го допрела и утврдила дека е мек. Потоа ја замолил да го земе јајцето и да го скрши. По лупењето на лушпата, таа констатирала дека е тврдо варено јајце. Конечно, ја замолил да голтне од кафето, неговата богата арома донесе насмевка на нејзиното лице.

– „Татко, што значи ова“, праша таа?

Потоа објаснил дека компирите, јајцата и зрната од кафе се соочуваат со истата неволја – врела вода (проблеми)

Сепак, секое реагираше поинаку.

Компирот од силен, тежок и неуморен, во вода стана мек и слаб.

Јајцето беше кревко, со тенка надворешна лушпа но кога се свари внатрешноста на јајцето стана тврда.

Сепак, зрната од кафето беа едноставни. Но откако беа ставени во врела вода, тие ја сменија водата и создале нешто ново.

Што си ти, ја праша неговата ќерка. Кога неволјата ќе чукне на вашата врата, како реагирате? Дали ќе бидете компир, јајце или кафе?

Наравоучение Во животот, работи се случуваат околу нас, работи ни се случуваат на нас, но она што е важно е што се случува во нас.

Кој си ти?

5. Чинија со сладолед

Дете и Сладолед

На времето топка со сладолед во корнет беше многу евтина. Едно 10-годишно момче влезе во кафуле во кое се служи сладолед. Келнерката стави чаша вода пред него.

Колку е сладолед во корнет?

– „50 центи“, одговори келнерката.

Детето ја стави раката во џебот и ги броеше монетите што ги имаше во него.

“Колку е чинија со обичен сладолед?”, праша тој. Некои луѓе веќе нестрпливо чекаа маса и келнерката беше малку нервозна.

– „35 центи“, рече грубо.

Малото момче повторно ги пресметало монетите. “Јас го сакам обичниот сладолед”, рече тој.

Келнерката го донела сладоледот, ја ставила сметката на маса и си заминала. Момчето го изело сладоледот, си ја платил сметката и си заминал.

Кога келнерката се вратила, почнала да ја брише масата и потоа се зачудила од тоа што го видела.

На масата до чинијата биле оставени 15 центи нејзиниот бакшиш

Сподели го ова преку:
  • 10
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!