Најдете си време за себе

Многу често ни треба одмор и кафе кое би го пиеле сами со себе.

Времето станува се постресно, особено ако сте родители, партнери, баба или дедо. Често слушаме политика, читаме црна хроника, се мачиме да преживееме.

Затоа кога телото ви бара одмор послушате го. За одмор не ви требаат многу финасии, не ви треба луксуз и скапи одмори. Најважно од се ви треба време. Денес не за џабе рекле времето е пари. Одвоите по 30 минути на ден само за себе. Сакајте се и почитувајте се.

Пијте кафе сами со себе, средете си ги мислите, прочитајте добра книга, прошетајте по некој парк. Одличен одмор за вас и вашето тело е спа центар. Немора ако не сте финансиски моќни да одите во некој луксузен хотел, можете и дома да си ја наполните кадата со топла вода и купка. Наредете си свеќи, пуштете си добра музика или вашата омилена серија и напите се чаша вино.

Најдете си хоби, пишувајте дневник, водете си свој блог, играјте ја вашата омилена игра од детството со пријателите на пример “Не лути се човече”. Внесете си свежина секој ден, посветете си внимание сами на себе и грижете се за вашето психичко здравје.

Од дневникот на една мајка!

Сподели го ова преку:
  • 17
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!