Најчудните закони за развод во светот

Во земјите низ светот, може да сретнете многу чудни закони, овој пат ќе ви ги претставуваме најчудните за развод на бракот.

развод

По дефиниција бракот е друштвена, верска и законска заедница помеѓу двајца луѓе од различен пол. Но не и сегде во светот, важи исто за вклучување на бракот и развод. Разводот и бракот, во некои земји имаат правила кои нам може да ни изгледаат чудно. Овие обичаи и правила, влечат корени од порано, а се уште се применуваат.
Ги издвоивме за вас едни од почудните закони:

развод

Саудиска Арабија:

Во Саудиска Арабија, жената има право да побара развод, ако мажот секое утро не и донесе кафе. Знаеме дека жените сакаат рутина, ама па и ова не е баш едноставно. Сепак, ова е само клаузула од законот, бидејќи бракоразводната постапка во Саудиска Арабија, е права реткост.

Хонгконг:
Хонгконг е дел од Кина, но има посебна автономија. Така да дел од законот за развод влече корени од старите обичаи. Според древните закони, сопругата има право да го убие мажот ако го фати како ја изневерува. Но ако го пратите законот, има право да го убие само со голи раце, никако со ладно или огнено оружје.

Држава Самоа:

Во оваа држава, мажот има право да поднесе барање за развод, ако мажот и го заборави роденден. Колку мажи кај нас би останале сами, ако живееа во оваа држава.

Шкотска:

Интересен закон имаа во Шкотска до 1939 година, кој гласел ако сте интимен со некоја девојка мора да ја ожените.

Држава Кансас во САД:

Сосем е легално да поднесете барање за развод, ако вашиот сопруг не и помага на вашата мајка.

Кувајт:

Според древните закони, тука на мажот му е забрането да гледа по други жени. Забрането му е да погледнете дури се што е женски род, тука спаѓаат и животните. Зашто во законот го пишале и тоа со животни не знаеме, ама изгледа бизарно и не при свест.

Колорадо:
Во оваа сојузна држава во САД, може има најчуден закон во врска со бракот. Мажот може да преспие во затвор, ако и е љут на сопругата во недела. Во останатите денови сигурно е ок да и викате и да сте и љут ама во недела е забрането со закон.

Јужна Каролина:

Во Јужна Каролина, мажот може кривично да се гони, ако ја побара за жена својата девојка, а потоа не ја ожени. Лажната веридбата, значи повреда на моралот и технички со тоа го навредувате Бога. Оваа е изгледа едиствена држава каде на девојката не смеете да и кажете “Омажи се за мене”

Абориџините во Австралија:

Абораџинската жена, ако сака развод прво мора да го убеди мажот зашто тоа е најдобра одлука. Но од друга страна ако не успее да го убеди, има право да се земе со друг маж, со тоа што нејзиниот прв брак е автоматски поништен.

Делавер, Сад:

Поништувањето на бракот тука е многу едноставено, само треба некој од двајцата партнери да каже дека бракот го склучиле на клада или онака од зезанција. Што да кажеме полесно неможе!

Сподели го ова преку:
  • 19
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!