Мојата мајка секогаш ќе ми треба

Кога станав мајка, сфатив што значи овој збор.

“Мамо ти си мојата волшебничка” се сеќавам кога бев мала и ги кажав овие зборови на мојата мајка и таа само се насмеа. Но денес кога сум мајка, навистина сум била во право, па мајки ние знаеме се. Стануваме психолози, доктори, готвачки на здрава храна, пејачки и неуморни.

majka

Пред некој ден и мојата ќерка ми кажа, мамо ти знаеш се, ти си мојот спасител. Одговорив дека правам се најдобро што можам, да биде среќна. И велам “Кога ќе остареш нема да имаш потреба од мене. Но мојата ќерка се налути и ми рече “Не, мамо јас секогаш ќе имам потреба од тебе, тоа никогаш не може да се смени. Овие зборови ѕвонеа во моите уши и си велам, па да во право си. Колку и да сме големи секогаш имаме потреба од нашата мајка, јас мојот волшебник го изгубив пред десет години и си помислив не сум во право. Никогаш нема да постои тоа ” Нема да имаш потреба од мене” ми фалиш!

majka

Затоа чувајте си ги и сакајте ги вашите родители додека се живи, тие секогаш за нас ќе бидат волшебници, а ние за нив децата кои имаат потреба од нив. Те сакам Мамо!

Од блогот на една Мајка!

Сподели го ова преку:
  • 34
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk