Мајките и ќерките се најдобри пријателки

Оваа нераскинлива врска помеѓу мајка и ќерка конечно е докажана, мајките и ќерките се најдобри пријателки.

мајка и ќерка

Дури и ако не живеете дома со години, речиси секој ден се јавувате на вашата мајка да разговарате со неа за настаните во вашиот живот? Често се случува баш да ве побара вашата мајка, кога и вие сте сакале да и се јавите.

Ова не е ништо чудно, докажува нова анкета чии резултати покажуваат дека врската помеѓу мајките и нивните ќерки се крие – во мозокот.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија го скенираа мозокот од 35 здрави семејства и сфатија дека мајките и ќерките имаат слична анатомија кога станува збор за мозокот што ги регулира емоциите.

Тоа значи дека ќерката гледа од мајката и учи се од неа. Ќерката најдобро може да ги разбере емоциите кои ги доживува мајката и обратно. И мајката најдобро може да ги поврзе емоциите со нејзината ќерка, не само затоа што тие се ист пол.

мајка и ќерка

Оваа врска, од аспект на анатомијата, е посилна од онаа на мајката и синот, татко и ќерка, татко и син и слично.

За жал, тоа исто така значи дека депресијата и психолошките нарушувања најчесто се пренесуваат од мајка на ќерка, па затоа научниците и го започнале ова истражување.

“Со години се шегуваме дека тврдоглавоста или добрата организација е наследна – сега имаме овој доказ”, рече лидерот на истражувањето, Фумико Хофт.

Така да само мајката може да ја разбере ќерката и обратно, затоа се најдобри пријателки цел живот.

Сподели го ова преку:
  • 45
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!