Луѓето кои живееат повеќе од 100 години, ја откриваат тајната за живот

Многу од вас сигурно ќе се изненадат од тајните за долг живот, на овие луѓе кои имаат над 100 години.

Што е тајната на долговечноста и подолг живот неизбежно прашањето на оние кои го прославуваат својот 100-ти роденден. На ова прашање одговара еден Американец, кој сега наполни 112 години. Додека многу бараат формули, начини на здрав живот одговорот на овој дедо ќе ве изненади.

стари

Ричард Овертон, на денот на својот роденден, откри дека тајната за тоа што живее долго, е тоа што нема никакви здраствени проблеми. И дека воопшто не е во прашање здрава исхрана, тој призна дека, пуши околу 12 цигари на ден, во своето утринско кафе става и малку виски и дека понекогаш пие по четири кафиња на ден.

Но, повеќе необичен совет, дала најстара жена во Шкотска,  Џеси Гелан, која ја изненади јавноста со наведување дека тајната за нејзината долговечност, е живот без маж. “Тие носат повеќе проблеми отколку задоволства”, рече таа.

Во 2005 година, умрела и најстарата жена во светот, таа живеела 127 години, од Мексико, а нејзиното семејство тогаш објави дека таа никогаш не била мажена.

стари

Еунис Модлин од Индијана, која го прослави 102-от роденден на почетокот на годината, откри дека тајната на нејзиниот долг живот е тоа што редовно одмара преку ден и темното чоколадо што го јаде секој ден по малку. Она исто така редовно вежба, не пуши, никогаш не пиела алкохол, но нејзиното семејство е убедено дека чоколадата е тајната за нејзината долговечност.

Сподели го ова преку:
  • 17
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!