Лажела дека синот и е болен за да собира пари

Лажела дека синот и е болен и имал 13 непотребни операции.

мајка лаже

Навистина чудна приказна, мајка на 8 годишно дете од Америка лажела дека, синот и е болен и го однела на доктор 323 пати. Исто, така лажела дека син и, има рак кој е во последен стадиум.

Осум дена по раѓањето на бебето, 34-годишната мајка почнала да лаже за здравјето на нејзиниот син. Отпрвин изгледаше безопасно, но тоа не беше така. Прво рекла, дека е алергичен на млеко, дека секогаш кога го пиел повраќал. Таткото на детето, уште тогаш кажувало дека мајката лаже.

мајка лаже

Но, по оваа прва лага, мајката почнала да измислува уште посериозни работи. Кога момчето имаше 10 месеци, таа отиде на суд да бара старателство врз синот. Тогаш тврдеше, дека бебето јаде преку сонда. Таткото се обиде да докаже на судот дека лаже, но неуспешно.

Таа почнала да собира пари за својот болен син, преку интернет. Ги лажела луѓето, дека е смртно болен, не оди и хитно треба да прави операции. Така собрала неколку илјади долари. Но, она што е несфатливо е што навистина го однела синот на операции.

мајка лаже

Лекарите почнале, да сомневаат дека лаже па ја известиле социјалната служба, за жал таа не направила ништо. По, неколку дена мајката го донела детето повторно во болница, бидејќи како што тврдела имал епилептични напади. Тогаш докторите виделе, дека детето е сосема добро и викнале полиција.

Но, она што е чудно е зашто докторите воопшто го оперирале детето, се уште не е разјаснето. Веројатно, биле професионални и верувале на симптомите на мајката. Секогаш кога ќе откриеле дека детето е подобро, мајката ја менувала болницата и докторите.

Сподели го ова преку:
  • 30
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!