Колку е тешко породувањето

Погледнете ја големината на отворот низ која излегува главата на бебето при породување.


Картата на дилатација им помага на луѓето да сфатат колку е тешко раѓањето на бебе и колку е болно. Дилатација во медицината значи природно или амноморално растегнување, ширење, на некој орган.

Во поголем број на породувања, бебето најчесто низ каналот излегува со главата, а гинекологот има задача постојано да прати колку мајката се отворила. Почетокот на породување започнува кога мајката е отворена 3 до 4 сантиметри. Табелата за дилетација покажува колку жената е отворена и започнува од 1 сантиметар до 10 сантиметри. Оваа таблица за прв пат почнале да ја применуваат во Санта Кларита во Калифорнија.

Дилатациска мерка

Дрвениот графикон им помага на жените, визуелно да знаат што ги очекува и колкава е главата на бебето. Таблицата е прекрасен приказ за породувањето, бременоста и женственоста. Графиконот е направен од јавор, дрвен со изгравирани букви на секоја дупка.

Стефани Кристен, на Facebook страната на клиниката за гинекологија, ја постирала оваа слика и под неа напишала : ” Вака изгледа 10 сантиметри, дилетација, поради тоа сите мајки на светот заслужуваат се најдобро”. Нејзиниот пост многу брзо стана виртуелен па жените ширум светот го споделуваа, за тоа колку е импресивна вистината, но воедно колку и е болна.

дилатација

Сподели го ова преку:
  • 15
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!