Која е тајната на успехот?

Приказна од 20 секунди, ви открива која е тајната на успехот.

Млад дечко, еден ден го прашал Сократ, која е тајната на успехот? Сократ, му рекол да дојде другиот ден рано наутро, покрај брегот на реката и ќе го добие одговорот. Другиот ден, кога се сретнале, Сократ му рекол да влезат заедно во водата. Тие чекореле, толку длабоко, се додека нивото на водата не стигнало до нивниот врат. За огромно изненадување на дечкото, Сократ го фатил за вратот и му ја пикнал главата во водата.

Дечкото со цела сила се обидувал да ја извади главата, се обидувал да го победи Сократ, но тој не попуштал, го пуштил, дури кога момчето поцрвенило во лицето. Додека момчето се обидувало да земе воздух, Сократ го прашал:

Додека вашата глава, беше под вода што најмногу сакавте во моментот?

Воздух, одговорило момчето.

Кога сакаш да успееш толку јако, како сега што сакаше да земеш воздух, додека беше под вода, тогаш и ќе добииеш се. Тоа е тајната на успехот.

Желбата е појдовна точка на достигнување. Kако што малку оган, неможе да даде голема топлина, така да и слаба желба, неможе да донесе големи резултати!

Сподели го ова преку:
  • 15
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!