Кој е најсекси нагласок на светот?
Ви откриваме кој е најсекси нагласок на светот.
Платформата за учење странски јазици Babbel, направила истражување кој е најсекси нагласок на светот. Можеби нема да се изненадите ако ви кажеме дека на прво место за најсекси нагласок се наоѓа францускиот. Втор најсекси е италијанскиот, па следи шпанскиот. На четрвто место се наоѓа англискиот, но изненадување е петто место, таму се наоѓа германскиот јазик.
Иако многу е сличен на шпанскиот, португалскиот е на шесто место, потоа следат шведски, руски, холандски и турски.
Ако се прашувате каде е тука македонскиот јазик, не успеа да се пласира во најсекси нагласоци во светот. Од словенските јазици, на оваа листа се наоѓа само рускиот и е на осмо место.
Во истражувањето учествувале, 15.000 лица, од Бразил, Шпанија, Франција, Шпанија, Италија, Германија, Британија, САД, Канада и Австралија.
5