Како изгледа хирург после 23 часа операција

Фотографијата на денот, како изгледа хирург после 23 часа операција на срце.

Постои причина зошто “National Geographic”, ја прогласи токму оваа фотографија за најдобра фотографија. На сликата е доктор Збигњев Релига, кој ги следи виталните функции на пациентот по 23-часовната операција на срцето што ја извршил. Доле во десниот кош, можете да го видите неговиот колега како спие, исцрпен од операцијата.

доктор

Докторот Збигњев е пионир на трансплатација за срце, оваа фотографија е направена во 1987 година и во тоа време овој тип на операции ги сметале за неуспешни и невозможни.

Тој истата година добил зелено светло и ја направил првата успешна операција на срце која била многу тешка и траела 23 часа. Уморот е очигледен на сликата, неговиот колега неможел да издржи повеќе и заспал на подот иако цела соба е полна со крв и кабли.

Авторот на оваа слика сака да ни покаже дека и невозможното може да стане возможно, само треба љубов и трпение. Дека трансплатација на срце воопшто не е лесна задача. Денес овие операции се скоро секојдневни, но замислете како било тогаш. Но, исто така имаме и уште еден интересен податок, кој говори дека оваа операција била успешна. За жал докторот Збигњев, повеќе не е жив, но неговиот пациент кој е тука на фотографијата е се уште жив и неговото срце чука одлично.

Сподели го ова преку:
  • 5
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk