Како да преживеете ноќ кога децата се бесни

Колку често се случува во една ноќ или по 19 часот, вашите деца да го притиснат копчето за турбо брзина и да ја исцрпат цела ваша енергија и живци?

Пред сѐ, никогаш не посегнувајте по апчиња кои би му „помогнале“ на вашето дете побргу да заспие. Нема друг начин освен да пробате да се извелечете од ситуацијата и се разбира да ги послушате советите од експертите и пријателите.

Бидете подготвени
Си ги познавате вашите деца, знаете дека денес е денот кога ќе бидат турбо непослушни и неуморни. Пред да ги земете од градинка или од кај баба и дедо подгответе се психички.

Кратка концентрација

  • Седнете неколку минути сами во автомобилот, пред да ги земете децата.
  • Пробајте брзо да дишете или медитирајте.
  • Чекорете брзо.
  • Смислете план за турбо вечер со весели активности.

Заедно со партнерот
Поделете го стресот. Тоа значи дека, едниот партнер мора да одмори додека другиот се грижи за децата. Секогаш кога ќе приметите дека вашиот партнер/ка пука од нервоза, натерајте го да излезе на воздух барем 5 минути.

Разделете се
Ако имате две деца разделете ги, така што едниот родител да биде со едното дете, а другиот со другото. Така ќе можете да се посветите на едното дете и стресот ќе биде помал.

Да им ги кажувате вашите очекувања
Децата ќе лумпуваат до утринските часови ако оставите сѐ во нивни раце, односно, ќе беснеат сѐ додека имаат енергија и нивното тело не се „исклучи“. Затоа кога почнува да се стемнува, треба да им ги кажете вашите очекувања, како на пример „Сега се стемнува, ќе поиграме уште малку, па ќе влеземе во када да се бањаме, потоа следи миењето на запчињата, потоа следува облекување пижами, читање приказна пред спиење и потоа си легнуваме“.

Ако не направите вака, тогаш сигурно ќе направат нешто слично на тоа да истурат 10 чаши вода, ќе направат кула од алишта и играчки пред да заспијат.

Направете распоред
Гледајте вечерата да биде готова порано. Ако имате деца што се прибирливи, пробајте со јадењето кое ви е сте го наумиле, ако не попуштаат тогаш дадете им што сакаат, бидејќи сигурно не сакате вашите деца да легнат гладни.

Децата сакаат умствени игри, но повеќе сакаат слобода, но не се чувствувајте виновни ако не сакате да глумите кловн оваа ноќ. Ако ги ставите во када да се бањаат, може многу да ви помогне, водата може да биде вистински лек кога работите ќе излезат од контрола. Однесете ги надвор на воздух, така ќе ги смирите со прошетка во мракот.

Заштитете се
Кажете им на вашите деца: Сакам да ви помогнам но неможам, чувствувам замор и ми треба малку одмор, кога ќе бидете подготвени дојдете по мене. Мора да им дадете до знаење на вашите деца, дека некои работи што ги прават, понекогаш неможете да ги толерирате и дека ви треба одмор.

Пробајте со музика
Слушајте музика и детски песнички како на пример „Кога си среќен“, тие ќе пеат и ќе танцуваат.

Кога ви е тешко
Кога сте на работ да пуштите солза, немојте да глумите строгост во домот. Сетете се дека имало денови кога биле умни и многу послушни, кога сами си легнувале и заспивале, тогаш пофалите ги за тие денови. Но денес за жал ноќта не е таква.

Сподели го ова преку:
  • 24
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!