Кафе бар во кој ќе ви послужат кафе со порака

Ако сте љубител на кафето и тоа е вашиот омилен утрински напиток, сигурно ќе ви се допадне кафулето „Carrera Cafe“ во Лос Анџелес. Во овој кафе бар освен тоа што служат квалитетно и вкусно кафе, интересно е она што на самото кафе ќе добиете и некоја штосна порака по ваша желба.

Порака на кафе - Омилена фотографија

Замислете на пената од вашето капучино да го има ликот на Рајан Гослинг или некој интересен натпис. Токму тука, сето ова може да го видите и сигурно ќе примами насмевка на вашето лице.

Текстуална порака на кафе

„Carrera Cafe“ е моментално најактуелен на Инстаграм, секојдневно посетителите на овој кафе бар постираат слики со нивните кафиња. Исто така, интересно е што „Carrera Cafe“, како услуга нуди можност и вие сами да одберете што сакате да има на пената од вашето кафе.

Порака на кафе - Париз

Се што треба да направите е да ја симнете нивната апликација, да направите „скриншот“ од посакуваната фотка, да ја прикачите на апликацијата и вашето кафе ќе биде готово за само неколку минути.

Порака на кафе - Good vibes only

Сподели го ова преку:
  • 4
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!