Извини мамо за сите грешки што ги направив, сега сум татко и те сфаќам

Извини мамо, за се што сум ти згрешил кога сум растел.

Добивањето дете е најубавото нешто што му се случува на еден човек, да не биде како досадно клише, ама така е. Мојата ќерка е мојата радост, ме смени како личност, ме направи подобар човек, а најважно од се сфатив колку е одговорна задача родител и низ се што поминале моите. Многу често денес децата ги обвинуваат своите родители за нивните неуспеси. Но, јас ќе направам нешто поразлично ќе им се заблагодарам и извинувам за се, посебно на мојата мајка која не одеше на работа и неуморно се грижеше за мене и брат ми.

син мајка татко

Сакам да ти се извинувам за сите мои вриштења и навреди кога не ми ја купуваше омилената играчка.

Сакам да ти се извинувам, за храната што ја фрлав во тоалетот, бидејќи мразев зеленчук, а ти ја готвеше со часови.

Сакам да ти се извинувам, за дупките по ѕидовите, за скршените прозори, а најмногу за твојата омилена вазна од баба.

Сакам да ти се извинувам, за тогаш кога седев во играчница три часа, а ти незнаеше кај сум, избегав од дома дека не ми се учеше, а тие три часа за тебе биле кошмар.

Сакам да ти се извинувам, за сите мои лудории, качување по дрва, тепачки во мало, невнимателно возење на велосипед и сите мои модрици.

Сакам да ти се извинувам, за парите кои ти ми ги даваше мене за да јадам на училиште, а знам дека ти дома немаше што да јадеш, а јас купував цигари.

Со моево извинување, се надевам дека ќе можам да купам добра родителска карма, бидејќи сега дознав кои стресови ги доживува еден родител во својот живот.

Извини мамо!

Сподели го ова преку:
  • 30
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!