Италијанските кафе ривали на едно место поради Starbucks

Двата најголеми бренда за кафе во Италија, отвараат огромни кафулиња во близина каде што и најпознатиот американски бренд за кафе „Starbucks“ инвестира во свое кафуле за прв пат во Италија.

Милано е град каде што се пие најубавото Еспресо, а италијанците плаќаат само едно евро за своето кафе, овие брендови се познати по малку поскапите цени од останатите.
„Lavazza“ го отвари своето кафуле оваа недела, додека „Illycaffe“ е во Милано уште од мај оваа година.

Франческа Ландини, тврди дека тајмингот на двата италијански бренда, што токму сега се одлучуваат да отворат кафулиња во Милано, не е случајност. Тие отвараат огромни и многу елегантни кафулиња, чија локација е многу блиску до онаа на „Starbucks“.

Сите три компании ќе бидат во дирекна конкуренција еден со друг. Портпаролот на „Starbucks“ изјави: „Многу сум среќен што Lavazza и Illycaffe ќе отворат свои кафулиња во наша близина. Милано е познато по доброто кафе и ќе биде навистина интересно“.

„Lavazza“ и „Illycaffe“ се најдобри брендови за кафе, нивните кафиња може да ги сретнете во сите супермаркети и во кафулињата ширум светот. А „Starbucks“, се надева дека ќе отвори над 200 продавници за кафе во Италија во наредните шест години.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!