Истражувањата покажуваат, тие што конзумираат вино, пиво и чоколадо живеат подолго

Ако сте љубител, на вино, пиво и чоколада, според последните истражувања ќе живеете подолго.

После напорен ден, сигурно што сакате е да одморите, да гледате некој добар филм и да отворите шише со вино. Но, тоа што секогаш не мачело е дека алкохолот е штетен и не си правиме добро на организамот се до сега…

Пиво_Чоколадо_Вино

Една нова голема студија покажа дека уживањето во вино, пиво и чоколада е всушност добро за нас. Варшавскиот универзитет, на чело со професорот Јоан Калузом, докажале како имате 20 % помалу шанса да умрете помлади, ако уживате во овие намирници, наместо тоа шансите да умрете порано ви се зголемуваат ако конзумирате, црвено месо, преработени производи и газирани сокови и сето ова е поради антиоксидансите кои ги имаат првите добри намирници.

Истражувањето беше спроведено на 68.000 луѓе,  на лица од 45-83 години и се покажа дека консумирањето на храна богата со антиоксиданси, го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак. Освен вино, пиво и чоколада, треба да внесувате и голема количина на овошје и зеленчук, интегрален леб, маслиново масло, јаткасти плодови и немасно сирење.

Најголема корист од антиоксидансите имаат пушачите, бидејќи ако конзумираат намирници со антиоксиданси, имаат 33% помала веројатност да умрат од оние пушачи, кои не ги консумираат овие намирници.

Затоа одете веднаш во продавница и без грижа на совест, купете си вино, пиво и чоколадо.

Сподели го ова преку:
  • 8
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk