Ги затворивме децата дома, не знаат што е другарство

Модерни времиња, каде најмногу страдаат децата…

Секој ден, вестите почнуваат, со колку бил загаден воздухот, епидемија на морбили, вирус, се да те исплаши да го затвориш детето дома. Паника од исчезнати лица, постојано треба да пазиш да не го пуштиш во продавница само. Дома, ние родителите, полни со гнев, стрес од работа, неможеме позитивно да делуваме на нив. Само слушаш родители кои своите фрустрации ги лечат на своите деца, а тие сироти толку кревки и нежни. Пустите им се игра, им се трча, сакаат да другаруваат, го сакаат животот, не гледат кој каква облека има сите ги сакаат.

Се сеќавам на нашето безгрижно детството, на игрите, шмурка, грабни стапче, сакате ли војна, расипан телефон, на буква на буква, другарување и смеење по цели денови. Сендвичи сите направени од дома, кој што имал дома, ги јадеш со сласт, не се замараш со бактерии, еј рацете не ми се миени.

Денес родителите трчаат по децата со антибактериски марамчиња, не им дозволуваат да се дружат со секого, овој бил ваков, родителите не им се свиѓале, предрасуди од мали, ги тераме сами да не ценат пријателство и да гледаат материјално на светот.

По цели денови се со мобилните во рака, родителите ги мрзи да ги анимираат, па после детето не ми збори, па како да ти збори, цел ден гледа во телефонот. Пред наши очи гледаме како се уништуваат цели генерации на деца.

Да го вратиме детството на сите овие мили суштества.

Од дневниот на една мајка!

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!