Германски Овчар – Совршен пријател

Кучето е верен пријател на човекот, а германскиот овчар е класичен пример за тоа. Сите љубители на кучиња, ќе ви кажат сè најдобро за оваа раса на кучиња и со причина.

Германскиот овчар, со децении важи за едно од најпослушните и најпаметните кучиња на светот, па затоа, решивме да ви посочиме неколку факти кои оваа раса на кучиња ја доведуваат до совршенство.

Германски Овчар - Вучјак

Лојалност
Не постои ниту една раса на кучиња која може да му парира на германскиот овчар, кога станува збор за лојалност. Овие кучиња буквално се спремни да го дадат својот живот за својот пријател, односно, сопственик. Ако ова куче живее во големо семејство, тоа ќе биде верно на сите членови во семејството и ќе ги сака сите подеднакво до крајот на животот.

Германски Овчар - Вучјак

Заштита
Освен тоа што се паметни и сакаат да си играат, тие во суштина се чувари. Иако се класифицирани во агресивни раси на кучиња, ретко кога нападнале човек. Одлични се за вашиот двор, кој ќе биде идеално чуван простор од непожелни гости. Се разбира дресурата е клучниот фактор.

Германски Овчар - Вучјак

Љубов
Овие кучиња се познати по љубовта кон своите сопственици. Тие постојано ќе ви покажуваат колку ве сакаат и ќе бараат ваше внимание. Совршени се кон децата, нежни и мирољубиви, ќе им овозможат беспрекорна заштита и спокојно детство.

Германски Овчар - Вучјак

Дресирирање
Истражувањата покажуваат дека овие кучиња најлесно се дресираат. Тоа значи дека без многу мака и за многу кратко време ќе можете да ги научите на многу работи.

Германски Овчар - Вучјак

Забава
Со германскиот овчар, сигурно никогаш нема да ви е досадно. Тие се многу интересни и весели кучиња кои понекогаш знаат да бидат и малку забавно смотани. Понекогаш ќе добивате впечаток дека нештата намерно ги прават за да ве расположат или насмеат.

Германски Овчар - Вучјак

Вода
Ова се кучиња кои обожаваат вода, сакаат да се изладат, па дури и да запливаат. Тие се совршени партнери за летовање, слободно може да ги земете со вас на река, езеро или море.

Германски Овчар - Вучјак

Шетање
Ова куче има многу енергија и сака премногу слобода, така што, неопходно ќе биде да одвојувате долго време за шетање. Ако сте „активни“ во денот, ова е совршено куче за вас. Можете да го земете со себе на трчање или возење велосипед, не се секирајте тоа ќе ве прати вас, а не вие него. Но, кога станува збор за трчање на кучето додека возите велосипед, најважно е на почетокот многу да внимавате додека ве научи, потоа секогаш ќе биде „залепено“ до вас пратејќи го вашето темпо.

Германски Овчар - Вучјак

Гордост
Ниту едно куче на светот, неможе да ве направи толку сигурни во себе и горди како германскиот овчар. Сите ќе гледаат во вас, а вашите пријатели ќе ви се восхитуваат особено ако го научите на некој трик.

Германски Овчар - Вучјак

Здравје
Ако се одлучите за куче кое е голем непријател на болестите, тогаш германскиот овчар е иделниот избор, куче кое многу ретко се разболува и нема генетски здраствени проблеми. Ако му пружите доволно нега, ова куче ќе биде „здраво како дрен“.

Германски Овчар - Вучјак

Памет
Германски Овчар – Волчјак, раса на кучиња која може да ги запомни скоро сите ваши реченици, а не зборови и да се тренира за вршење на различни задачи. Поради тоа, германскиот овчар (волчјакот) е најпопуларното полициско куче во светот. А и сите ние го паметиме по германската ТВ Серија за полицискиот генијалец, кучето РЕКС.

Во продолжение погледнете ги овие прекрасни фотографии. Уживајте!

Германски Овчар - Вучјак

Сподели го ова преку:
  • 42
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk