Викторија Колденко

Викторија – Викусја Колденко е убавица од Украина, родена во градот Чорноморск, во областа Одеска, а во моментов живее во Киев.

Викторија Колденко

Црнокосата Викторија се занимава со глума и танцување, свири гитара и пијано, а исто така ги завршила студиите на Факултетот за култура и уметност на Универзитетот во Киев.

Во слободното време сака да патува, а оваа година беше на летување во турската Анталија, додека како посебно искуство го издвојува патувањето во Банкок, Тајланд.

Згодната украинка води грижа за здравиот живот, така што, не консумира цигари и алкохол, а нагласува и дека приоритетот во нејзиниот живот е семејство и деца. Две многу важни работи за неа претставуваат хуморот и љубовта кон животот.

Викторија е девојка која, благодарение на долгата коса, совршените црти на лицето, долгите нозе и женствените облини, може да им парира на некои од најубавите жени во светот.

Сподели го ова преку:
  • 5
  •  
  •  
  • 1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!