Caroline Receveur – Сексапилна модна блогерка од Франција

Caroline Receveur е француска модна блогерка, телевизиски презентер и актерка. Таа е родена на 23 ноември 1987 година и стана позната благодарение на телевизиските програми кои емитуваат Ријалити Шоу.

Caroline Receveur се појави во разни телевизиски програми, а сопственик е и на моден блог. Исто така, многу е популарна и на социјалните мрежи.

За да заработи пари, работела како келнерка во ноќен клуб во Metz, а потоа се преселила во Париз, каде што сакала да направи кариера за овојкако модел. Меѓутоа, поради тоа што не била доволно висока, на тој план баш и не и тргнало како што треба.

Наместо тоа, основала бренд на производи за детоксификација, кои вклучуваат чаеви и растенија, и започнала соработка со фармацевтот и хербалист Julien Duschene.

Преку својот блог, Caroline Receveur дава модни совети и ја гради својата популарност на социјалните мрежи. На Instagram има повеќе од 2,5 милиони следбеници.

Исто така, изјавила во еден италијански магазин дека од фановите на Facebook неможела глава да крене, имала секакви додворувачи и луѓе кои ја молат да ги прифати за пријател, иако сите можат само да бидат следбеници како и на Instagram.

Сподели го ова преку:
  • 60
  •  
  • 109
  •  
error: Содржината е заклучена!