Девојката која со шминка прави оптички илузии

Шминката ја користиме за секојдневна употреба, но многу ретко луѓето го вадат вистинскиот потенцијал од неа. Но тоа не е случај за 31 годишната Мими Чои од Канада.

Оптички илузии со шминка - 02

Таа со шминка прави оптички илузии од кои ќе ви застане здивот. Нејзината работа ја следат 240.000 луѓе на Инстаграм. Пред да го открие талентот со шминкањето, таа студирала да биде негувателка/учителка и три години работела во градинка. „Уживав да работам со деца, но не бев среќна, ми требаше нов предизвик“, изјави Мими.

Се откажала од својата професија, дала отказ од работа и купила четки за шминкање и почнала дома таа самата да се шминка.

„Шминкав невести за свадби, „Да“ тие беа задоволни, но не направив ништо посебно“. Се запишав на курс за шминкање, а со помош на курсевите многу се усовршив. Но, се започна со „Halloween“, сакав да си направам интересна маска и најдов слика од девојка на интернет како нејзиното лице беше цело искршено. Го извадив мојот туш за очи и пробав нешто лудо, вели Мими Чои.

Таа денес прави чуда има перцепција и правни тридимензионалност на рамна површина. Таа денес манипулира со шминката и е вистински уметник кој може да направи чудо.

Сподели го ова преку:
  • 3
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk