Фасцинантни фотографии со сурфери од Хаваи

Сара Ли, фотограф од Хаваите, отсекогаш го сакала океанот, а нејзината љубов кон водата ја инспирирала да направи преубави фотографии од сурфери под вода.

Фотографија на Сара Ли - Сурфери под вода, Хаваи

Подводните фотографии многу ја привлекуваат, како што кажува таа, поради недостатокот на контрола што луѓето ја имаат кога се наоѓаат под вода, за создавање на добра фотографија под вода е потребна комбинација на психички и физички вештини.

Фотографија на Сара Ли - Сурфери под вода, Хаваи

„Сакам да ја забележам таа интеракција помеѓу луѓето и водата“, вели Сара која се занимавала и со пливање и сурфање, а до сега учествувала и на бројни натпреварувања.

Вештините за фотографирање ги совладала самостојно, а нејзините хавајски корени и овозможиле на посебен начин да и пристапи на фотографијата.

Сподели го ова преку:
  • 3
  •  
  •  
  • 2

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk