Една чаша црно вино е исто како еден саат време вежбање во теретана?

Последните студии покажуваат дека една чаша црно вино е исто како еден саат време вежбање во теретана.

Од денес имате причина да пиете секој ден по една чаша црно вино. Зошто? Бидејќи научниците не израдуваа со оваа вест, дека пиењето вино е исто како вежбањето во теретана, но да одиме по ред..

вино

Научниците од Универзитетот во Алберта од Канада го истражувале влијанието на црно вино врз здравјето, особено на ресвератролот. Оваа супстанца се наоѓа во црното вино, го штити грозјето од мувла, и е една од најсилните антиоксиданси. Исто така има многу корисни ефекти врз здравјето на луѓето, спречуваат парализа на срцевиот мускул и го забавува згрутчувањето на крвта.

Но, ако немате време да вежбате или не сакате, ресвератролот влијае на физичките карактеристики на кардиоваскуларниот систем и мускулната сила, исто како да сте вежбале.

Црното вино исто така, го намалува ризикот од рак, деменција, го забавува стареењето и го регулира шеќерот во крвта.

вино

Но, за жал истражувањето покажува дека виното и нема баш доволно ресвератролот, за да можете целосно да откажете од вежбање, но вино и вежбање се совршена комбинација за одлично тело.

Освен во виното ресвератролот го има и кај боровинките, путерот од кикирики, црвеното грозје и црното чоколадо.

Па, по ова можеме да заклучиме зошто, Французите се слаби и згодни. Кај нив пиење по две чаши црно вино на ден е општа култура, а кај нас кафе од сабалје, ракија со ручек и пиво пред спиење.

Сподели го ова преку:
  • 74
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk