Домашни спрејови против комарци

Направети си сами спреј против комарци.

После обилните дождови, доаѓаат комарците кои навистина се многу здодевни. Ретко кој во летно време не се жали од овие досадни инсекти, кои не касаат и не чеша ужасно местото каде сме каснати. Сепак постојат начини како да се решите од овие инсекти, со направи сам спрејови за на балкон или за прскање на кожата.

Водена замка, за ова ви се потребни пластично шише, топла вода, кафеав шеќер и квасец.

комарци

Исечете го врвот на шишето и во него додајте топла вода, 50 грама шеќер и еден грам квасец. Исечениот дел свртете го на спротивната страна да стои како инка и залепете одозгоре самолеплива трака. Комарците сами ќе се уловат во вашата замка.

комарци

Спреј за кожа, во празно шише со расрскувач додадете 60 милилитри масло од чајно дрво и 150 милилитри дестилирана вода. Кога комарците ќе го почуствуваат мирисот од чајно масло веднаш ќе избегаат од вас.

Рецепт за облека–  Додајте 50 капки есенцијално масло од лимон, 50 капки есенцијално масло од еукалиптус и 100 ml 70% етанол во шише што има распрскувач. Убаво протресете го спрејоот, испрскајте ја вашата облека и сте се решиле од комарците.

Сподели го ова преку:
  • 12
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!