Долна облека со неверојатен изум

Брендот за долна облека „Shreddies“ со неверојатен изум. Иновативни гаќи кои го неутрализираат мирисот, особено добри за лица кои патат од надуеност.

Освен гаќи, се произведуваат пижами и фармерки со истиот тип на дизајн. Тајната е во филтерот кои ги апсорбира гасовите, текстилот кој има слој на јаглерод ги неутрализира мирисите и облеката ја прави поеколошка. Посебниот слој на ткаенина е тој што ги апсорбира и неутрализира непријатните мириси. Од надворешната ткаенина изглегува воздух без мирис. Кога ќе се испере облеката таа се неутрализира при триење на воздухот и го „обновува“ материјалот.

гаќи

На сајтот на оваа британската компанија, ги рекламираат овие производи како решение на луѓе со хронична „подуеност“. „Многу често овие лица поради овој проблем, се срамат, добиваат и посериозни проблеми од стравот како ќе реагираат луѓето. Стравот подоцна може да им направи проблеми со дигестивниот систем“. Овој изум веќе е во продажба, а има машки и женски модели, од кои, женските гаќички чинат 27 евра.

гаќи

Сподели го ова преку:
  • 18
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!