Доберман – Верен до смрт!

Доберман е куче со изразен темперамент кое до смрт е верено на својот газда. Потеклото на оваа раса кучиња, датира уште од 1860 година во Германија, а „создадена“ од Карл Доберман, по што ова куче го добило и своето име.

Доберман
Доберман

Овие кучиња се познати по својата итрина, интелигенција и употребливост. Доберманите уште од почетокот се користеле како кучиња чувари, кучиња за лов и за борба. Подоцна биле користени од страна на полицијата, па дури и од војската, од единицата за интервенции. Денес, тие се домашни миленици кои го почитуваат и слушаат само својот газда, во рацете на други се непослушни.

Доберманите се одлични чувари, „добри“ се само ако се правилно дресирани. Ако погрешно се однесувате со нив, можат да бидат многу агресивни. Темпераментни се и тврдоглави, но со „цврста рака“ се најдобри кучиња на свет.

Ако не сте имале до сега доберман, најдобро е да го дресирате со помош на стручни лица. Не дозволувајте некој друг го прави тоа на „своја рака“, туку лично вие и со помош од стручно лице. Оваа раса кучиња не се препорачува како прв избор во животот за куче кое ќе го чувате.

Главни карактеристики на Доберманот се:

  • безстршност
  • внимателност
  • сигурност
  • претпазливост
  • интелигенција
  • посветеност
  • нежност

Но, како и да е, како што напоменавме, на доберманот му треба дисциплина и не е за секој дом.

Тоа куче има премногу енергија и секојдневно треба да се шета, да трча и да си играте со него. Не се препорачува зимно време да го вадите надвор на ниски температури. Овие кучиња не сакаат кога не им се посветува внимание, вие постојано треба да ги играте. Доберманите сакаат рутина, ако ги храните во одреден период и ги шетате најубаво е тоа да го правите секој ден во исто време.

Одличенни се е ако сте спортски тип, секој ден ќе ве тера да трчате.
Телото на доберманот е мускулесто и силно, најчесто се со црна боја или кафеникав тен. Просечната висина на мажјаците е 72 сантиметри, додека женките се, нормално, малку пониски. Тежината им е во просек од 32 до 45 килограми.

Сподели го ова преку:
  • 15
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!