Џеки Кенеди кокетирала со принцот Филип

Џеки Кенеди кокетирала со принцот Филип, а тоа било причината што Елизабета плачела.

кенеди

Тоа беше спектакуларна средба меѓу две кралски семејства – едно вистинско, и едно само “прогласено”. Кога Џон Ф. Кенеди и неговата сопруга Џеки дојдоа во Бакингемската палата во 1961 година, беше тешко да се каже кој има повеќе сина крв. Сепак, според новите сознанија, се чини дека средбата не поминала баш најдобро, а најголем проблем беше меѓу Џеки и кралицата Елизабета Втора. Сè ова е прикажано во новата сезона на серијата “Круна” на Нетфликс за животот на британската кралица.

Таа и нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој оваа недела ја прослави 70-годишнината од нивниот брак, ја викнале претседателска двојка во Бакингамската палата, а во сцени на наградуваната серија, Филип и кажава на кралицата како Џеки побарала од него да му ја покаже палатата.

“Тоа е мојата куќа и јас ќе го сторам тоа”, вели Елизабет Втори, која го обвинува својот сопруг за флертување со Џеки за време на официјалната вечера. Како тоа да не беше доволно, Џеки, наводно, изјавила дека кралицата е “неинтересна, неинтелигентна и незамислива што не е ни чудо што Британија стана глобално независна”. Освен тоа таа не била импресионирана од Бакингемската палата.

кенеди

„Ова воопшто не личи на палата, изгледа мнoгу лошо и тажно како напуштен хотел“ изјавила првата дама.

Во серијата сето ова го слушнала кралицата, но сепак останала мирна. „Мораме повторно да ја викнеме“ рекла и потоа заминала во својата соба и плачела.

Сепак подоцна тие ги смириле страстите и дала подршка на Џеки кога Кенеди беше убиен.

кенеди

Во серија исто така се збори за многуте неверства на принцот Филип и неговиот авантуристички дух.

Сподели го ова преку:
  • 12
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk