Џони Вокер со специјална серија за филмот Blade Runner

Поминаа 25 години од култниот филм „Blade Runner“ и сите со нетрпение го очекуваме новото издание чија премиера е закажана на 6-ти Октомври.

Секако, многу е полесно ако го чекате со чаша виски. Па затоа, Џони Вокер ја претстави лимитираната серија, односно, колекција на нивното познато виски „Black Label“, во специјално шише за љубителите на филмот.

Виски - Џони Вокер (Blade Runner) Специјална лимитирана серија

Инспирацијата за новото виски „Blade Runner 2049“ го добиле од самиот филм, бидејќи и во првиот дел, ова виски беше омилено на главниот лик Рик Декард кој е во изведба на легендарниот актер Харисон Форд. Да, и во новиот дел, Форд ќе го пие своето омилено виски додека одмара на неговата фотелја.

 
Сигурни сме дека оваа идеја ќе им се допадне на фановите на филмот. Но, мора да побрзате, лимитирана е количината и пуштени во продажба се само 39.000 шишиња. Да, и во случај да сакате да го купите овој пијалок спремете 4200 денари, односно, 89 долари.

Сподели го ова преку:
  • 21
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!