Деверуши раскажуваат за лошите искуства

Деверуши раскажуваат за лошите искуства, на свадбите на своите другарки.

Сте биле ли некогаш, деверуша и дали невестата од вас имала големи побарувања? Денес, некако е модерно, невестите да имаат чудни идеи и комплекси. По, тој повод неколку девојки си ги отворија душите и раскажаа за овие лоши искуства.

деверуваша 1

Невестата беше блондинка, а сите деверуши и беа со темни коси, освен јас, бидејќи и јас бев блондинка. Па, поради, оваа причина, ме замоли ако може, на нејзината свадба и јас да се офарбам и да имам темна коса, како само она би била блондинка. Нормално, јас и кажав дека се откажувам да и бидам деверуша, бидејќи не сакам никој да ми диктира како да изгледам. Голема, среќа што сум го направила овој чекор, бидејќи девојките што прифатиле ги терале да купат скапи фустани, што јас толку месечно не ни заработувам.

Требаше да бидам, деверуша на моја другарка. Но, баш кога се вери, со партнерот јас имав вонматерична бременост и го изгубив бебето. Таа, тогаш ми постави многу бизарен услов, да не забременам пак, во рок од една и пол година, за да не бидам во центарот на внимание на нејзината свадба, во случај пак да го изгубам бебето. Бев толку многу шокирана, од ова побарување што ја избришав од мојот живот за секогаш.

Мојата другарка, реши да се омажи на 19 години, од секогаш сакала да биде, млада и убава невеста. Откако прифатив, да и бидам деверуша, јас изгубив доста килограми. Она поради, ова збесна. Ми, кажа дека сака, да биде најслаба на венчавката и ме избрка од нејзината свадба.

Бев деверуша, татко ми почина пред 5 месеци. Другарка ми, се налути зошто, не сум и помогнала, во припремите за свадбата. Не и беше јасно, како сум можела, да тагувам пет месеци, после свадбата никогаш не ми се јави, а ни јас неа.

На социјалната мрежа, каде девојките ги раскажаа своите приказни, добија голема поддршка и коментари, од типот дека “вакви невести некој мора да ги симне на земја”.

Сподели го ова преку:
  • 4
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk