Дали може е ова најдоброто работно место на светот?

Дали е ова најдоброто работно место, платата е премногу мала, но има многу предности.

Огласот гласи се бара, библиофил што ќе го живее модерниот живот на Робинзон Крусо на луксузно островско одморалиште.  Ова е краток опис на она што Британскиот Guardian го нарекува “можеби најдобрата работа во светот”.

Филип Блеквел, кој потекнува од семејството на библиофили, бара библотекар, за можеби најдалечната книжарница на светот, таа се наоѓа во лукзусен објект (Soneva Fushi) на пуст остров на Малдивите.

Soneva Fushi

“Платата е смешно мала, но придобивките од оваа работа се незаменливи. Идниот вработен, може максимално да го искористи местотo каде што ќе работи да ужива во лукзусен хотел и да ужива во најубавата плажа на светот. „Да имам 25 години, јас сигурно би се пријавел за оваа работна позиција“ кажува Блеквел.

Од идниот вработен се очекува да потпише договор на најмалку 3 месеци, воедно да води и забавен блог, за книжарата која се наоѓа на пуст остров на Малдивите и да се дружи со познатите личности кои доаѓаат таму.

Soneva Fushi

Од потецијалниот вработен се очекува да сака книги, да разговара со гостите за книжевност, а на децата да им раскажува приказни.

„Сакаме креативно, но и организирано лице, кој знае да ги инспирира другите и да ги натера да го сакаат читањето“.

Идниот вработен ќе живее во ексклузивно одморалиште чиј песок на плажа е опишан како “мек како снег”.

Soneva Fushi

Soneva Fushi

Soneva Fushi

Сподели го ова преку:
  • 6
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!